Црна хроника
Спречен обид за шверц на 54.000 швајцарски франци
Царинските службеници на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во четврток спречија обид за нелегално внесување на 54 илјади швајцарски франци.
Околу 16 часот, на аеродромот „Александар Велики“ со лет од Швајцарија пристигнал македонски државјанин од село Боговиње, тетовско. Патникот, иако помина на зелен канал каде што поминуваат патници кои што немаат ништо за пријавување, беше селектиран за детална контрола. Притоа, кај него се пронајдени 66 илјади швајцарски франци.
Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според тоа, 12 илјади франци му се вратени, додека останатите 54 илјади се одземени.
Против лицето е поведена прекршочна постапка, а девизите се привремено одземени. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

