Црна хроника
Спречен обид за шверц на близу 100 илјади евра
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат спречија обид за нелегално внесување на 90 илјади евра и 28.300 дански круни.
Во недела, околу 15.30h на влез во Република Македонија на граничниот премин пристигна лице со иницијали О.Р., македонски државјанин од Скопје. До границата, О.Р. пристигнал со автобус, но на меѓупросторот помеѓу Србија и Македонија одлучил да слезе од автобусот и да ја помине границата пеш.
Заобиколувајќи го цариникот кој во тој момент вршеше преглед на возило, лицето ја помина пасошката контрола. Полициски службеник го стопира десетина метри подолу, враќајки го назад за да му се изврши царинска контрола.
Прашан дали има нешто да пријави, лицето одговори дека со себе носи само еден личен лап-топ компјутер. При преглед на неговиот ранец, во два бели коверти, царинскиот службеник пронајде 100.000 евра и 28.300 дански круни (околу 4 илјади евра).
Согласно Законот за девизно работење, резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според тоа толкав износ му е вратен, додека останатите 90 илјади евра и 28.300 дански круни (околу 4 илјади евра) се одземени. Против лицето е поведена прекршочна постапка.
Претходниот ден, во саботата, на граничниот премин Деве Баир откриен е обид за нелегално изнесување на 15.900 евра. Дента околу 13:00 часот за излез од државата се пријави автомобил со бугарски регистарски таблички со кое патуваа двајца македонски државјанин со иницијали Н.К и Т.С. При контрола на возилото и личен претрес на патниците, кај лицето Н.К. во неговата јакна се пронајдени непријавени 17.900 евра. Две илјади евра му се вратени на лицето, а останатите 15.900 се одземени, согласно Законот за девизно работење.
Денес пак, на граничниот премин Блаце царинските службеници открија косовски државјанин во обид нелегално да изнесе 26 илјади евра. И во овој случај, согласно законот 10 илјади евра се вратени, додека 16 илјади се одземени.
Од почетокот на годинава откриени се 42 обид за нелегално пренесување преку граница на готови пари и хартии од вредност во различни валути, во проттивредност од околу 430 илјади евра, од кои 330.390 евра, 44.000 американски долари, 90.900 швајцарски франци, 13.700 бугарски лева и 28.300 дански круни. Покрај ова одземени се и чекови во противвредност од 99 илјади евра. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

