Црна хроника
Разузнавачки агенции од три земји расклинкаа една од најголемите мрежи на измамници
Разузнавачките служби на САД, Велика Британија и Виетнам, ја блокираа работата на интернет страница за продажба на украдени податоци за кредитни картички, а штетата од активностите на оваа група се проценуваат на повеќе од 200 милиони долари, се вели во соопштението на интернет страницата на британската Агенција за борба против организираниот криминал.
Активностите на интернет порталот, преку кој 16 илјади измамници од целиот свет купувале и продавале украдени податоци за кредитни картички, биле запрени во заедничка операција на специјалните служби на трите земји. Вкупно преки порталот биле продадени повеќе од милион податоци за кредитни картички, а штетата изнесува повеќе од 200 милиони американски долари.
„При спроведената операција беше елиминирана една од најголемите интернет страници во светот на онлајн измами со кредитни картички, и оние кои се вклучени во таквите кривични дела треба да знаат дека тие не се анонимни и се на дофат на органите за спроведување на законот“, се вели во заедничкото соопштение за медиумите.
Истовремено, специјалните служби на Виетнам и Велика Британија извршиле 11 апсења на лица осомничени за вмешаност во активности на веб страницата. Во Виетнам, се уапсени осум лица коишто се осомничени за управување со интернет порталот. Во Велика Британија безбедносни служби уапсиле три активни корисници на страницата. Како што е наведено во соопштението за медиумите, наскоро може да следат уште апсења, откако информациите за корисници на страницата од други земји ќе бидат испратени до специјалните служби на засегнатите земји./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

