Црна хроника
Петмина убиени во напад на студентски кампус во Калифорнија
Најмалку пет лица се убие, меѓу кои и напаѓачот кого полицијата го застрелала во библиотеката на универзитетскиот кампус, во крвавиот поход во близина на Лос Анџелес во сојузната американска држава Калифорнија, соопштија локалните власти.
Осомничениот за нападот облечен во црно дошол на само неколку километри од местото на кое американскиот претседател Барак Обама учествувал на еден донаторски собир, иако нема знаци дека двата настана се во некаква поврзаност.
По размена на оган со полицијата, 20-годишниот напаѓач побегнал во факултетската библиотека. Студентите од колеџот за локалните медиуми ја опишуваат сцената како застрашувачка, По престрелката со полицијата која следела, напаѓачот е убиен.
Во нападот покрај загинатите, ранети се уште пет лица, меѓу кои едно тешко а друго е „во тешка состојба, но стабилно“, изјавил полицискиот началник Ричард Луис.
Сите училишта во околината се затворени, соопшти полицијата, додека во тој кварт во градот Санта Моника владее паника меѓу населението.
Според очевидци кои сведочеле за Reuters имало двајца непознати напаѓачи, од кои едниот стрелал врз автомобилите што се движеле и во автобус. Тој бил уапсен од полицијата на самото место.
Во потрагата по вториот напаѓач, полицијата вршела потера во кампусот на колеџот во Санта Моника и бил откриен во библиотеката каде загинал во престрелката со полицијата. Според локалните медиуми, тој бил вооружен со јуришна автоматска пушка АР-15 и на себе имал панцирен елек./крај/мф//сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

