Црна хроника
Уапсен осомничен за подметнување пожар во автобус во Кина, во кој загинаа 47 луѓе
Во пожарот на автобусот на југоисточната кинеска провинција Фуцзјан загинале 47 луѓе а уште 34 се повредени, а властите несреќата ја истражуваа како тежок криминал при што полицијата идентификувала едно лице осомничено за подметнување на пожарот, пишува во саботата агенцијата Синхуа.
Автобусот се запалил во петокот во градот Сјамен околу 1820 часот по локално време во време на сообраќајниот шпиц на автопат на околу 500 метри од постојка.
Во текот на истрагата за инцидентот полицијата дошла до заклучокот дека причина за пожарот најверојатно не е технички проблем, туку дека станува збор за подметнување. Тоа било заклучено од фактот дека резервоарот и тркалото не биле опожарени во инцидентот. Покрај тоа, истражителите утврдиле дека пожарот е предизвикан со палење на бензин, додека автобусот користел дизел гориво.
Не се соопштува идентитетот и каде во моментов се наоѓа осомничениот за подметнување на пожарот.
Автобусите беа цел на слични напади и во 2009 година, кога еден патник запали бензин во автобус во југозападната покраина Чендгу кога загинаа 27 луѓе а десетици беа повредени. Уште 24 луѓе загинаа истата година во пожар во автобус во местото Вукси бо близина на мегалополисот Шангај. Тој пожар го подметна незадоволен работник во локалната челичарница.
Еден 42-годишен земјоделец со напредува рак на белите дробови активираше во 2005 година во автобус бомба која сам ја направил. Во инцидентот загина само тој, а 35 луѓе беа ранети./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.