Црна хроника
Убиецот од Санта Моника бил роднина на две од жртвите
Непознатиот осомничен за пукањето во близина на колеџ во Санта Монија во сојузната американска држава Калифорнија, бил роднина на две убиени лица чии тела биле пронајдени во изгорен дом, недалеку од местото на инцидентот.Непознатиот осомничен за пукањето во близина на колеџ во Санта Моника во сојузната американска држава Калифорнија, бил роднина на две убиени лица чии тела биле пронајдени во изгорен дом, недалеку од местото на инцидентот.
Претходно беше соопштено дека во пукањето во близина на колеџот во Санта Моника,биле убиени четири лица. Телата на две жртви биле пронајдени во запалена куќа во близина на местото на нападот, пишува Associated Press повикувајќи се на локалните власти.
Според локалните медиуми, во нападот учествувале две лица, едниот од нив убиен во престрелка со полицијата, откако се сокрил во библиотеката. Тој според сѐ уште непотврдените информации бил опремен со јуришна автоматска пушка АР-15 и носел панцирен елек. Вториот напаѓач пукал врз автомобилите кои минувале и кон автобус бил уапсен на самото место.
Полицијата во американската држава Калифорнија во саботата го прецизираше број на жртвите на четири, невклучувајќи го самиот осомничен за нападот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.