Црна хроника
Виновникот за уривањето на зградата во Филаделфија бил под дејство на наркотици
Анализата на крвта на Шон Бенсчоп, чиишто дејствија како што претпоставува истрагата довеле до уривањето на објектот во трговскиот центар во американскиот град Филаделфија, покажале дека во моментот на инцидентот бил под дејство на наркотици, пренесува Associated Press повикувајќи се на заменикот градоначалник.
Претходно судот во Филаделфија издаде наредба за апсење на Шон Бенсчоп, по што обвинетиот им се предал на властите и бил подвргнат на тестови на крвта коишто покажале траги од марихуана.
Полицијата смета дека уривањето на објектот во коешто загинаа шест лица а 13 беа повредени, се случило поради грешката на Бенсчоп кој во тој момент управувал со кран. Неговото дејство е квалификувано како убиство без умисла.
Од 1994 година наваму Бенсчоп, кој бил познат и по името Кери Робертс, бил уапсен 11 пати поради насилно однесување и поседување наркотици и оружје. Покрај тоа, двапати отслужил затворска казна поради транспорт на наркотични супстанции./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

