Црна хроника
Четворица мртви во пукање во Сент Луис
Четира лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени во пукање во градот Сент Луис, во американската сојузна држава Мисуру, јавува локалниот портал STLToday.com.
Според извор на порталот во локалната полиција, пукањето се случило во деловна зграда. Најмалку три лица биле приведени, од кои еден маж и две жени.
Според информации на порталот, меѓу загинатите се две жени и двајца мажи. Според првичните информации еден од мажите прво отворил оган врз жртвите, а потоа се самоубил.
На местото од инцидентот пристигнале повеќе десетици полициски возила и две возила на брзата помош. Областа е блокирана, а зградата е целосно евакуирана.
Еден од сопствениците на канцеларија во зградата изјавил дека инцидентот се случил во канцелариите на фирма за здравствена грижа во која работеле имигранти од Сомалија. Според него од тој правец се слушнала кавга, а и порано имало инциденти. Според првите сознанија, напаѓачот е или сопственикот или вработен, а жртвите се вработени во фирмата.
Репортерите на порталот рекле дека по пукањето во зградата се обидела да влезе уплакана жена со глава покриена со шамија според муслиманските обичаи, но не и било дозволено да влезе по што се струполила на тротоарот, а нејзиниот 21-годишен внук Мохамед Исмаил потврдил дека „сите луѓе, се од нашето семејство“. Друг човек кој не се претставил рекол дека тие се од Сомалија.
Началникот на полицијата во Сент Луис, Сем Дотсон изјавил дека поради зголеменото насилство седмицава морал да го прекине својот годишен одмор. Имено седмицава во градот имало повеќе вооружени пресметки, како и убиство на службеник и напад врз полициски мајор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

