Црна хроника
Три жртви во сообраќајни несреќи во еден ден
Три лица загинаа во три одделни сообраќајни несреќи што се случија во понеделникот низ Македонија, соопшти МВР.
Во првата сообраќајка што се случи во понеделникот во 7 часот на булеварот „Илинден“ загина седумдесет и двегодишниот велосипедист Јован А. од Скопје. „Ауди“ со скопски регистерски таблици го прегазил велосипедистот кој со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.
Втората сообраќајка се случила во 13.15 часот во понеделникот на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Се судриле џип „ландровер“со странски регистерски таблици којшто возел на кај Маврово и „мерцедес“ со прилепски регистерски таблици којшто се движел кон Гостивар.
Возачот на џипот и 59-годишната сопатничка се здобиле со тешки повреди, а жената починала на пат кон скопските клиники. Повредени биле и возачот и сопатниците од „мерцедесот“
Третата сообраќајка се случила во понеделникот во 18.30 часот на патот Прилеп-Македонски Брод. Педесет и четиригодишниот Бајрам Е. од Кичево кој управувал моторцикл, од засега неутврдени причини, излетал од патот со починал на лице место.
Се утврдуваат точните причини за сообраќајките кои завршија со жртви./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.