Црна хроника
Член на 'Пинк Пантер' уапсен кај Париз
Член на бандата Пинк Пантер, криминална група специјализирана за големи грабежи на скапоцени накити во која се претпоставува дека членуваат криминалци од поранешните југословенски републики и Балканот, бил уапсен во вторникот во близина на француската престолнина Париз, откако побегнал од Германија каде бил осуден на затворска казна, пренесува AFP повикувајќи се извори блиски на истрагата.
Станува збор за Ниџан Дробњак, родум од Црна Гора, кој бил уапсен во Шарентон-ле-Пон, предградие на Париз во акција на припадниците на француската Бригада за борба против криминалот (BRB), додал соговорникот на агенцијата.
Европскиот налог за апсење бил издаден откако германскиот суд го осудил на седум ипол години затвор поради вооружен грабеж и кражба. Во вторникот доцна вечерта бил изведен пред судот кој требало да го одобри неговото екстрадирање на Германија.
Одговарајќи на новинарско прашања, германското министерство за правосудство, не можело да биде потврдено дали Дробњак ќе биде предаден, несакајќи да дава никакви информации по тоа прашање. „Не можеме ништо да кажеме за тоа. Бидејќи постапката е во тек, мораме да ги почитуваме правата на односните лица“, рекол портпаролот на германското министерство.
Бандата Пинк Пантер, за којашто се претпоставува дека има меѓу 100 и 150 членови, главно од земјите од поранешна Југославија, е позната по кражбите на скапоцени накити низ целиот свет, при што според полициски забелешки покажува „завидна умешност и ладнокрвност“ .
Повеќето грабежи во последните десет години коишто се ставаат на товар на членовите на оваа криминална група се изведени во Дубаи, во Швајцарија, Лихтенштајн, Монако, Токио, Париз, Сент-Тропе, по Германија и во Австрија.
Името на бандата и’ го дадоа британските полицајци кои така а ја нарекоа по грабежот во Лондон во 2003 година, кога еден разбојник го сокрил дијамантот во козметичка маст, како и во филм од серијалот „The Pink Panthe“.
Се сомнева дека оваа група последните десет години украла накит во вредност од 250 милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

