Црна хроника
Инспектор за мигранти обвинет за соучество во криумчарење мигранти
Против 38-годишен инспектор за илегална миграција и прекуграничен криминал поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и примање поткуп е кривично пријавен.
Според пријавата што министерството за внатрешни работи во четвртокот ја поднесе до скопското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, инспекторот за илегална миграција и прекуграничен криминал злоупотребувајќи ја својата положба и овластувања од двајца таксисти од Скопје побарал и примил поткуп во износ од 300 евра, за да во рамките на своето службено овластување не преземе дејствија коишто инаку мора да ги преземе, односно им овозможил непречено извршување на такси-превоз на домашни и странски државјани, како и за да им помогне на оштетените во врска со кривичната постапка која се водела против нив во Основниот суд Скопје I – Скопје, под сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“
Имено, на 6-ти септември 2011 година двете лица од Скопје биле приведени под сомнение дека превезувале мигранти. Пријавениот, искористувајќи ја ситуацијата се понудил на истите да им помогне да добијат поблага казна или условна осуда, а како противуслуга побарал истите да соработуваат со него, односно да му даваат информации, кога и каде пристигнуваат странски државјани, особено мигранти од Пакистан и Авганистан, како и периодично да му даваат парична награда – поткуп, а тој за возврат да не презема мерки во негова надлежност и да им овозможи непречено да вршат превоз на патници.
Двајцата таксисти, предлогот го прифатиле и во повеќе наврати му давале информации за голем број странски државјани мигранти кои најчесто пристигале на меѓуградската автобуска станица во Скопје со автобуси на транспортна фирма од Богданци, патувајќи од Гевгелија до Скопје, а потоа повторно со автобуси или, пак, со такси продолжувале кон Куманово или директно кон македонско-српската граница.
Активностите траеле до јуни 2012 година кога двете лица од Скопје, случајот го пријавиле во МВР со поднесување записник за примање на кривична пријава, по што од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и активности за да се расчисти случајот.
Во средата, откако претходно биле обезбедени наредби од Истражен судија за приведување и претрес, инспекторот бил приведен, при што е извршен претрес на домот и другите простории кај истиот. Од страна на надлежен Истражен судија на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

