Црна хроника
Воз повреди две Македонки во Албанија

Две македонски државјанки се тешко повредени во петокот попладне кога биле удрени од возот кој сообракај на релација Тирана – Елбасан, во туристичкиот регион Шкамби и Кавајес, во моментот кога тие минувале преку шините.
Според албанската полиција, македонските државјанки се Славинка Нитрова и Лука Нитроши и двете на 45-годишна возраст. Двете Македонки биле на летување во Драч.
По несреќата Нитрова добила тешки повреди и таа е пренесена на лекување во Воената болница во Тирана, додека, пак Нитроши е хоспитализирана во болницата во Драч./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ и мопед во Охрид: тешко повредена 50-годишна жена

Вчера во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица“ со ул.„8 Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Стружанец го запалил отпадот во својата нива, па предизвикал пожар и во околината

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч.)42) од Струга.
Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено на 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар

Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар.
Според информациите на МВР, вчера во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.