Црна хроника
Доживотен затвор за Американката што му го отсече пенисот на мажот
Жената од јужна Калифорнија којашто на својот поранешен сопруг му го отсече пенисот и го фрли во ѓубре, осудена е на доживотна затворска казна со можност за помилување, објави судот во саботата.
Поротата во Ориџ Каунти ја осуди 50-годишната Кетрин Киу за нанесување тешки телесни повреди и мачење, откако во јули 2011 година го осакати својот поранешен сопруг.
Жената, по потекло од Виетнам, ставајќи му во тофуто апчиња за спиење го дрогирала својот поранешен 60-годишен маж, го врзала и со кујнски нож му го отсекла пенисот кој потоа го фрлила во ѓубре.
Катрин Киу откако на сопругот во храната му ставила таблети за спиење и дерејќи се „си заслужил“ го отсекла делот од неговиот пенис со кујнски нож. Била љубоморна поради неговите планови да се разведе, бидејќи ја обновил врската со негова поранешна партнерка.
Нејзиниот адвокат изјави на судењето дека неговата клиентка била жртва на сексуално злоставување и дека патела од пострауматско стресно пореметување. Рекол, исто така, дека Кие жали поради нападот.
Заменикот јавен обвинител на областа јужна Калифорнија во врска со овој случај на судењето во април изјави дека „Жената отишла во крајност со уништувањето на машкоста и нејзино фрлање во ѓубре. Таа го стори ова од одмазда, суета и љубомора“.
На судењето нејзиниот 60-годишне сопруг чие име не се споменува во прилогот, изјави дека делот од отсечениот пенис не можел да се пришие назад и дека се чувствува како да умрел./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

