Црна хроника
Ги мамел дека ќе ги вработи, им зел 21 илјада евра на пет граѓани
Ги мамел дека ќе ги вработи, им зел 21 илјада евра на пет граѓани] Скопје, 29 јуни – Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против лицето Б.Н. (31) од Скопје, со место на раѓање – Штип, поради основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – “измама.
Имено, пријавениот во периодот од 2007 до 2012 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги довел во заблуда оштетените лица С.Е. од Радовиш, Б.П. од Скопје, В.Б. од Штип, С.Ј. од Скопје и И.Т. од Штип, со лажно прикажување на факти дека ќе им помогне за вработување или за добивање на социјални станови со што се стекнал со противправна имотна корист од 21.000 евра или околу 1.297.800 денари.
Оштетените кривичните дела ги пријавија во СВР-Штип во текот на месецов за што се изготвени Записници за примена кривична пријава. Од обавените разговори со оштетените е констатирано дека пријавениот кривичното дело го сторил така што се претставувал лажно дека е наводно висок функционер или вработен во институциите на различни Министерства. При тоа оштетената С.Е. од Радовиш ја довел во заблуда дека тогашниот министер во Министерство за информатичко општетство му е близок пријател и истиот ќе и помогне да се вработи во наведеното министерство, а за противуслуга од С.Е. побарал да плати 5.000 евра кои средства истата му ги дала во повеке наврати во текот на октомври 2012 година.
Оштетениот Б.П. од Скопје бил доведен во заблуда од пријавениот со лажно прикажување на факти дека Б.Н. како наводен потпретседател на кадровата комисија во Министерстовото за надворешни работи ке му помогне на оштетениот да го вработи во наведеното министерство, а дека пак неговата сопруга В.П. ќе ја вработи во Народна Банка на РМ, за што му побарал надомест од 10.000 евра, кои средства во период од октомври до ноември минатата година му биле дадени од страна на сопружниците во стан на пријавениот во Скопје. За да биде поубедлив во измамата пријавениот на оштетените им покажал лажни факти: една плакета од Народна Банка на РМ која наводно му била врачена од Гувернерот за заслуга, значка – легитимација со негови генерали и слика која му била дадена како припадник на НАТО.
Потоа на оштетениот В.Б. од Штип лажно му се преставил дека е вработен како шеф на кабинет во Министерство за транспорт и врски и за да го вработи како негов личен возач му побарал 1.500 евра. Оштетениот во Штип во два наврати во текот на декември 2010 година на пријавениот Б.Н. му дал вкупно 1.000 евра.
На оштетените С.Ј. од Скопје и И.Т. од Штип пријавениот преставувајќи се како висок државен функционер ги довел во заблуда ветувајќи им дека ќе им овозможи да добијат социјален стан и им побарал – на оштетената С.Ј. 3.500 евра, а на И.Т. 5.000 евра. Оштетената С.Ј. на пријавениот во декември 2011 година му дала 3.500 евра и му купила лап топ и мобилен телефон во вредност од 2.500 евра, додека оштетениот И.Т. бидејќи немал доволно пари во јули 2007 година му дал 1.500 евра.
Завчера Б.Н. е пронајден и повикан во просториите на СВР-Штип каде во присуство на бранител појаснил дека ќе го користи правото на молчење. Заради расчистување и документирање на наведените кривични дела лицето е задржано во просториите на СВР Штип. Во петокот извршен е претрес на автомобил“Киа Сит“ сопственост на пријавениот и при тоа се пронајдени повеќе клучеви и една акредитација -беџ и со потврда се одземени и доставени на кримтехничко вештачење.
Пријавениот е спроведено до ОС Штип и од страна на ИС при ОС Штип на Б.Н. му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Инаку лицето Б.Н. во крим-евиденцијата на МВР минува за повеќе сторени кривични дела “измама“, односно од страна на МВР му се поднесени над дваесетина кривични пријави за посоченото кривично дело и за истите му се изрекувани и затворски казни.
МВР апелира до граѓаните коишто имале каков било деловен контакт со пријавениот и се измамени тоа да го пријават во полиција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 25-годишник од Берово: пијан и без возачка управувал противправно одземено возило, а се обидел и да избега од полицијата
Ноќеска во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 25-годишниот Е.Џ. од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство.
По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ.
При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен Србин, криумчар на мигранти: во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно од Палестина
Ноќеска во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишниот М.П. од Република Србија.
Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина.
Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од с.Стење, ресенско, Г.М.(54) со престој во Скопје, едно непознато лице (третопријавен) и В.М.(51) од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела.
Против прво, второ и третопријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по чл.247 од КЗ, додека четвртопријавената се сомничи дека сторила кривично дело „Помагање“ по чл.24 во врска со чл.247 од КЗ.
На 05.02.2026 година на ул.„Маврово“ во Битола, прво, второ и третопријавениот со лажно прикажување факти довеле во заблуда 72-годишна битолчанка, претставувајќи се дека нејзината снаа е тешко повредена и дека се потребни пари и злато за операција. Оштетената му предала златен накит на првопријавениот, кој подоцна ги предал предметите на второпријавениот. Со делото била причинета штета од околу 40.000 денари.
На 06.02.2026 година кај Саат кулата во Битола, на ист начин измамиле 76-годишна жена и нејзиниот сопруг, од кои одзеле околу 430.000 денари.
Во периодот од ноември 2025 до 21.02.2026 година, второпријавениот и четвртопријавената ги пренесувале и предавале паричните средства стекнати со измами во Р.Бугарија, односно во Софија, на третопријавениот, при што дел од средствата задржувале за себе.
Со измамите извршени во повеќе градови во државата, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.700.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Битола на Г.М. му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека првопријавениот веќе издржува мерка притвор.

