Црна хроника
Вработена во Tiffany украде накит од 1,2 млн долари

Поранешна потпретседателка на њујоршкиот јувелир Tiffany е уапсена во вторникот во нејзиниот дом под обвинение дека за три месеца украла накит во вредност од 1,2 милиони американски долари кој потоа го препродала, објави обвинителството на Њујорк во средата.
Ингрид Ледерхас-Окун била од јануари 2011 година потпретседателка на одделот за развој во Tiffany и благодарејќи на тоа можела да зема накит за, на пример, да разговара за него со производителите.
Меѓутоа, за три месеца, од ноември 2012 до февруари 2013 година, оваа 46-годишна жена на тој начин однела 165 парчиња накит чијашто вредност е проценета на вкупно 1,2 милиони американски долари, Накитот го продала на друга јувелирница во Њујорк, за 1,3 милиони долари, тврдејќи дека е нејзин. Отказ добила во февруари годинава, а кражбата е откриена дури откако заминала.
Според обвинението, и` се заканува казна затвор до 30 години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.