Црна хроника
Затвор и условни казни за насилните демонстранти за поддршка на Талат Џафери
Осуммина од обвинетите за насилните протести што се случија во март за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана Талат Џафери добија затворски казни, шестмина добија условни осуди, а тројца се ослободени од обвинението, јави репортерот на „Макфакс“.
Петмина од обвинетите добија осум месеци затвор, еден кој е во бегство доби една година затвор, а за палење на автобусот на ЈСП еден е осуден на пет месеци и еден на три месеци затвор.
Од шестмината кои добија условни казни петмина се осудени на условна казна од шест месеци затвор ако во рок од една година направат кривично дело, а еден доби условна казна затвор од десет месеци, ако во рок од две години стори кривично дело.
Судот сите обвинети ги прогласи за виновни за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
За време на мартовските протести кои се организираа еден ден по протестите на Македонците против изборот на Џафери за министер за одбрана беше запален автобус на ЈСП, беа искршени автобуски постојки и приватни автомобили.
За насилствата беа обвинети вкупно 17 лица./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

