Црна хроника
Пијан охриѓанец прегази моторциклист
Пијан охриѓанец утрово прегази моторциклист кај охридското село Лескоец, при што 51-годишниот Ранко М. Почина на лице место, соопштуваат од СВР Охрид.
Сообраќајката се случила околу 5.30 часот на улицата „15 корпус“ кога автомобилот „опел калибра“ со швајцарски регистарски таблички со којшто управувал 31-годишен охриѓанец со десниот преден дел директно удрило во сега починатиот кој управувал моторцикл марка „џилера“.
Сударот се случил кога сега починатиот се обидел со мотоциклот оставен на левата страна од коловозот да се приклучи во правец кон селото Лескоец. Притоа патничкото моторно возило директно удрило во левата страна од мотоциклот.
На местото на тешката сообраќајка извршен е увид во присуство на истражен судија и заменик јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. Кај возачот полициските службеници утврдиле 1,07 промили алкохол во крвта. Тој е приведен во полициска станица.
Во текот на денешниот ден, по наредба на истражен судија, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

