Црна хроника
Во сообраќајка во Албанија повредени тројца македонски државјани

Тројца тетовци во саботата доцна попладне се поведени во една сообраќајна несреќа што се случи во Албанија во близина на градот Прењас.
Автомобилот со тетовска регистарска табличка ТЕ 8011 АБ, според очевидци, изгубил контрола и потоа удрил на браникот и се спуштил во провалија во притока на реката Шкумбин.
Албанската полиција соопшти дека тешко е повреден возачот Насип Рамадани а полесно неговите три деца. Повредените се пренесени на лекување во болницата во Прењас, кој инаку е прв град по влегувањето во Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Семејството преку Ќафасан патувале за албанскиот туристички центар Драч, каде требало да ги минат летните одмори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Скопје останал и без пари и без стан: уапсена 55-годишна жена

Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје.
Таа се сомничи за сторено кривично дело измама.
Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.