Црна хроника
Паско Кузман се товари дека издавал лажни дозволи за ископ и дека го оштетил МВР за 1,2 милиони денари
Директорот на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), Паско Кузман се товари дека ја злоупотребил служената положба и овластувања.
Полицијата го сомничи Кузман дека заедно со уште тројца вработени во Управата во 2011 година незаконски издавале дозволи за ископување на локалитетите Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово и повикувале полициска асистенција да ги обезбедува археолошките локалитети и не плаќале, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1,2 милиони денари.
Токму на овие локалитети есеноска, концесионери со дозвола од државата копаа под ридот во близина на Катланово и бараа 220 тони злато, кое наводно фашистичките сили ги оставиле кога се повлекувале по поразот во Втората светска војна. Најпрвин се пребаруваше во делчевското село Бигла, а потоа кај Катланово.
„Не станува збор за археолошки локалитет. Луѓето побараа да копаат за некоја своја акција и, за да не копаат на диво, им дадовме дозвола. Трошоците си ги сносат самите, а копаат во присуство на наши инспектори и под полициско обезбедување“, изјави за Утрински весник, Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Покрај Кузман, во пријавата за помагање опфатени се и Илче Бојчески, инспектор во УЗКН кој се наоѓа веќе во притвор, поради претходна кривична пријава за случајот „Фаланга 2“, инспекторот Звонимир Николовски исто така од УЗКН и Марија Пуљаз, која е советник во Управата.
„Со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање на противзаконска документација преку која барале дополнително и полициска асистенција со издавање на платни налози преку други патни трошоци, го оштетиле буџетот на Македонија по основ на дадената полициска стенција МВР е оштетено во износ преку 1,2 милиони денари, додека по основ на издадени платни налози и други платни трошоци, висината на штетата дополнително ќе се утврдува“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски
Според МВР, Илче Бојчевски, кој веќе беше осуден во Фаланга 1, го поттикнал Кузман да ги издаде спорните решенија за ископување кај Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово.
Во полициската акција „Фаланга 2“ во мај беше разбиена криминална група која ископувала предмети со културна и археолошка вредност и ги продавала во Македонија и во странство.
Во групата учествувале и четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник од Велес.
Криминалната група ископувала предмети од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. Во групата има и двајца Срби кои ги купувале вредните археолошки предмети и истите ги препродавале во западноевропските земји.
Во текот на акцијата беа приведени 14 од пријавените лица, двајцата Срби не се достапни, а три лица претходно се пријавувани во врска со истата истрага. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

