Црна хроника
Арамии застрелале сопственик на златарница и побегнале без плен
Сопственик на златарница во Скопје е тепко ранет, откако две непознати лица се обиделе да го ограбат, соопшти полицијата.
Настанот се случил во четвртокот наутро, кога двете лица, едното вооружено со пиштол, а другото со гумена палка, влегле во златарницата „Љама“ сопственост на Р.В.(1973) од Скопје.
Арамиите влегле во дуќанот и едното од нив го удрило Р.В. со палката во пределот на главата, а другото со пиштолот испукало неколку куршуми кон него, при што го погодило во пределот на десното рамо, левата натколеница и стомакот.
По инцидентот тие избегале без да земат нешто од златарницата, а ранетиот соственик бил префрлен во во ГОБ „Св.Наум Охридски“. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, по што, според податоците на Одделот: „Насилно ја внела во возило ‘бмв’ со кое дошла на локацијата, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење.“
Со сторените дејствија, според внатрешната контрола, постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила горенаведеното кривично дело.
Дополнително, Одделот ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ќе изрече суспензија од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

