Контакт

Црна хроника

Украден накит од куќа во Тетово

Објавено пред

Арамија украл златен накит од куќа во Тетово, вреден околу 30.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти полицијата, настанот се случил во петокот во Тетово на улица „Јован Ончевски“ , во куќата сопственост на 57-годишниот М.О. .Крадецот со употреба на погоден предмет ја отворил балконската врата, ги пребарал просториите, и откако го пронашол накитот, побегнал.

Полицијата трага по сторителот. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

30-годишна скопјанка замина од дома и повеќе не се врати, семејството ја бара

Објавено пред

Вчера во 11.30 часот во полициската станица Гази Баба, С.Р.(56) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.Р.(30) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Мерка притвор добија тројца учесници во инцидентите во Скопје

Објавено пред

МВР соопшти дека од  страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар,  заедно со ЕИП, лишени се од слобода осум лица во врска со извршено кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул. “Крсте Мисирков”, беше извршено палење и кинење на државното знаме на РСМ.

dobivaj vesti na viber

Од страна на Единицата за насилен криминал –  Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата Ф.И., Е.Д. и С. М..

-Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена, стои во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе...

Топ

Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска

Објавено пред

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.К. македонски државјанин, за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации” (член 322-а ст.3 в.в член 19) од КЗ. Ј/К. според сознанијата на полицијата, заминал во Москва за да и се приклучи на руската војска, но на 11 октомври се вратил во земјата.

dobivaj vesti na viber

Кривичнопријавениот, откако претходно се запознал со пропаганден материјал со повик за служење во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации за потребите на Руската Федерација, преку интернет платформа за комуникација стапил во контакт со НН машко лице кое му се претставило дека бил задолжен од страна на Руската војска да регрутира војници за служба во руската војска за паричен надоместок од 3.000 евра. Искажувајќи подготвеност за приклучување  на новоформиран одред во рамки на руската армија наменет за борба на воените фронтови во Украина, пријавениот на 5 октомври годинава од Меѓународен аеродром Скопје преку Белград заминал во Москва, Руската Федерација.

По добиено сознание дека Ј.К на 11 октомври ќе се врати во РСМ, преземени се оперативно тактички мерки и по негово пристигнување на Меѓународен аеродром Скопје извршен е разговор со него, во кој го појаснил начинот на кој заминал во Руската Федерација каде што престојувал една недела во обид да се вработи како војник во Руската војска. Откако пристигнал во Москва бил сместeн заедно со уште три лица странски државјани и при тоа бил известен дека треба да го даде пасошот за да биде средена документацијата, а по извршен медицински преглед ќе потпишел договор за работа во Руската војска и ќе бил однесен во камп за обука каде ќе се обучувал за борба во Украина.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК од кривично пријавениот одземени се повеќе предмети и документација врз кои е извршено форензичко вештачење и анализа.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка, на 29.11.2024 година извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ј.К, кој е лишен од слобода и изнесен пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР ќе ги награди полицајците кои ги фатија разбојниците во „Нептун“

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави детали за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника....

Македонија1 час

Најдено е детето кое се изгуби во Чаир

Најдено е детето кое се изгуби денес во Чаир. Од семејството за Макфакс соопштуваат дека детето е најдено. За момчето...

Македонија2 часа

Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, ама најави дека ќе размисли

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за...

Македонија2 часа

Со пушки во раце учениците во Челопек имале приредба во униформи на воени групации, Јаневска најави санкции

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и...

Топ3 часа

Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка...

Топ6 часа

Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05...

Македонија9 часа

Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затворот „Идризово“, Живко Пејковски

На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на...

Македонија20 часа

Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници. Град...

Македонија22 часа

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија24 часа

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ1 ден

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија1 ден

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија1 ден

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија1 ден

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија1 ден

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија1 ден

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија1 ден

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија1 ден

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија1 ден

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија2 дена

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...