Контакт

Црна хроника

Убиен уште еден Албанец од Македонија во борбите во Сирија

Објавено пред

Уште еден Албанец од Македонија е убиен во борбите во Сирија, јавува порталот на албански јазик Almakos, повикувајќи се на сигурни извори.

dobivaj vesti na viber

Според порталот, во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи.

Порталот дознава дека тој бил убиен во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милиициите на Курдите во Сирија.

Кон средината на јули два дена кај Рас ал-Аин се водеа жестоки борби меѓу сириските Курди кои му нанесоа тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра (во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија) и Исламската држава во Ирак и на Левантот (Медитеранот), блиски на глобалната терористичка организација Ал Каеда. Џихадистичките борци беа протерани од местото Рас ал-Аин, а многу набрзо, по жестоки борби, го загубија и селото Касрук во истата област.

Абдулахи е вториот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Almakos.

Kон крајот на мај беше објавено дека Албанец од Македонија загинал во Сирија во борбата против власта на претседателот Башар ал-Асад. Младиот гостиварец Расим бил дел од опозициската движење во Сирија Jabha el-nusrah (Фронтот ел-Насри), во кој се борат и доброволци од Бодна и Херцеговина. Расим беше првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија.

Што се однесува до регионот, пак, кон крајот на февруари беше забележан и случајот на 23-годишниот етнички Албанец Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, во јужна Србија кој според локалните медиуми загинал во борбите во Сирија. Тој како одличен ученик успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро, а на сириските бунтовници им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите.

Порано медуимите објавија вести за убиени Албанци од Косово, во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Овие вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи од по десетина Албанци, добро вооружени кои војуваат против Асад во Сирија. Кон средината на мај, телевизијата на Федерацијата на БиХ (FTV) повикувјаќи се на полициските и разузнавачките агенции од Босна и Херцеговина собрале информации дека досега најмалку 52 државјани на оваа земја се бореле на страна на бунтовниците во Сирија, а досега еден од нив загинал.

Според телевизијата, од Сирија досега се вратиле 32 исламистички доброволци од Босна и Херцеговина, а во оваа земја во која повеќе до две години беснее граѓанска војна којашто прерасна во меѓуконфесионален судир останале уште дваесетина босански државјани.

Во Сирија загинал Муаз Шадиќ чиешто семејство живее во околината на Зеница, а тоа го потврдила и неговата мајка која изјавила дека тој во Сирија заминал бидејќи сакал да стане шехид (маченик).

Според информациите на босанските безбедносни служби заминувањето во Сирија го организира селефијската заедница од селото Горња Маоча кај Брчко коешто со години се смета за центар на радикалниот вехабизам и во кое владеат строгите шеријатски закони.

Селефијската заедница привлекува радикални исламисти како што беше и Мевлуд Јашаревиќ од српската област Санџак кој во 2011 година изведе терористички напад врза амбасадата на САД во Сараево.

Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтотел-Насри движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. И чии членови изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница (шиитски огранок на исламот) и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.

Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтот ал-Насри движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. И чии членови изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница (шиитски огранок на исламот) и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.

Кон крајот на април координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил Декершов изјави за дека најмалку петстотини Европејци се борат на страната на сириската вооружена опозиција против силите на претседателот Башар ал-Асад . Се претпоставува дека повеќето од европските борци во Сирија доаѓаат од Велика Британија, Ирска и Франција. Се стравува дека во Сирија во борбите се вклучени неколку десетици лица од регионот на Балканот./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Нападнат вработен на наплатна рампа „Петровец“: напаѓачот ја скршил рампата и побегнал

Објавено пред

Утрово во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Загина маж од Паланечко: изгубил контрола и паднал од мопед

Објавено пред

Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возел со 188 килoметри на час на место каде е дозволено 100: уапсен маж од Охридско

Објавено пред

Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.

dobivaj vesti na viber

При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија13 часа

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија14 часа

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија16 часа

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...

Македонија17 часа

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување...

Македонија18 часа

Бугарското МНР: Скопје повторно отстапува, прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците е внатрешно

Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавија...

Свет18 часа

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на Мадуро, тие и по 48 часа се без став за апсењето на венецуелскиот диктатор

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека опозициската СДСМ и по 48 часа нема изнесено став за апсењето на венецуелскиот лидер Николас...

Култура19 часа

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Култура20 часа

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Свет21 час

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и...

Свет21 час

Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите...

Македонија21 час

Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата

Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија2 дена

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ2 дена

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет2 дена

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...

Свет2 дена

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти...

Свет2 дена

(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан...

Македонија2 дена

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав,...