Црна хроника
Во Шпанија уапсен осомничен за кражбата на накитот во Кан
Маж за кој има сомневања дека учествувал во кражбата на накитот од брендот „Chopard“на швајцарската компанија „De Grisogono“ во вредност од 1,92 милиони евра во текот на Канскиот филмски фестивал, бил уапсен во јуни поради кражба во Палма де Мајорка, на Балеарите, пишува во неделата парискиот весник Journal du dimanche, повикувајќи се на повеќе извори.
Четириесетгодишникот со француско и алжирско државјанство, претходно познат на полицијата поради кражби, уапсен е поради кривично дело сторено во луксузен хотел на шпанскиот остров, во Cala Ratjad, на 21-ви јуни, и веднаш бил ставен во затвор, според шпанската полиција.
„Забележана е сличност со кражбата извршена на 17-ти мај во хотелот ‘Novotel’ во Кан“, додал за весникот извор близок на истрагата, истакнувајќи дека осомничениот не бил приведен по барање на француската полиција.
Истражителите ќе го испита осомниченикот кога ќе биде формирана меѓународна комисија, додал.
Во рамките на истрагата за кражбата на накитот кој требаше да го носат актерките на црвениот тепих на најгламурозниот филмски фестивал, полицијата во Франција трага по две лица,
Минатата седмица, повторно во Кан, лице коешто е во бегство, од славниот хотел „Carlton“, под закана со оружје во текот на продажна изложба на накит во организација на „Leviev diamond house“ од Лондон сопственост на руско-израелскиот милијардер Лев Левиев, во вредност од над 100 милиони долари.
Тоа беше третата кражба на скапоцен накит на францускиот Азурен брег во последните три месеца./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

