Црна хроника
МВР демантира постоење обуки на терористи во Македонија
Министерството за внатрешни работи ја демантираше веста во која се тврди дека во Македонија се обучуваат терористи од Балканот подготвени во секое време да извршат самоубиствени напади, што ја објави руското радио„Гласот на Русија“.
„Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам каква било опасност и закана за безбедносната состојба“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавноста во МВР.
Рускиот медиум тврди дека муслимани од Балканот познати како „бели ѓаволи“ се обучуваат во Македонија, Албанија и во Косово за извршување на самоубистени напади со цел побрзо да се создаде обединета исламска држава на териториите на Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора.
Според руското радио „Гласот на Русија“ на Балканот се спроведува исламистичкиот план „Европа 3000“.
Радиото, повикувајќи се на руски разузнувачки служби, посочува дека на неколку места на Балканот се обучуваат идни терористи под закрила на „хуманитарни организации“ со пари од оружје и дрога.
Целта е да се најдат муслимани со словенски изглед кои подоцна лесно ќе се движат во Америка и во Европа и ќе го спроведуваат планот за создавање исламистичка Европа.
Зад овие обуки, според „Гласот на Русија“ стои Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.
Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.
По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со нож му го зеле велосипедот на дете во центарот на Скопје
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот.
Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.
Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.
Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.

