Црна хроника
Урната куќата на ужасот на Ариел Кастро
Екипите за уривање ја урнаа во средата куќата на Ариел Кастро во Кливленд во којашто повеќе од десет години ги силувал и злоставувал трите грабнати млади жени, јави весникот USA Today.
Во периодот меѓу 2002 и 2004 година во Кливленд пријавени се како исчезнати сега 27-годишната Аманда Бери, 23-годишната Џина Де Хезус и 32-годишната Мишел Најт. Беа откриени и ослободени на 6-ти мај 2013 година, откако соседите на Ариел Кастро слушнале повици на помош од неговата куќа.
Трите жени биле врзувани со синџири или конопи и биле изгладнувани, тепани и сексуално злоставувани, според судските документи и полицискиот извештај.
Педесет итригодишниот Кастро во јули ја призна вината по 937 точки од обвинението, вклучително и за грабнувања и силувања, за да ја избегне смртната казна. Осуден е на доживотна затворска казна плус уште илјада години. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.