Црна хроника
Крвава пресметка меѓу семејства во Кондово
Во крвава пресметка меѓу две семејства во Кондово во болница во потешка состојба пренесени се две лица повредени од удари со различни предмети, соопшти полицијата.
Имено, во средата попладне, околу 17.20 часот, на ул.„1“ во село Кондово, скопско , дошло до расправија поради поранешни меѓусебни недоразбирања, која преминала во тепачка помеѓу И.Ф.(71) од Кондово и неговиот роднина и соселанец Ш.Ф.(42).
Во тепачката се приклучиле уште по неколку лица од двете страни, при што дошло до престрелка со огнено оружје, но нема повредени лица од огнено оружје.
Во Ургентниот центар во Скопје пренесени се И.Ф.(71) кој се здобил со повреда на главата и И. Ф. (34) од с.Кондово , а се работи за повреди задобиени од удари со предмети.
Од страна на СВР Скопје приведени се сите учесници во настанот, инаку сите блиски роднини, освен Ш.Ф. за кого во тек се мерки за негово пронаоѓање.
На лице место обезбедени се траги од крв, чаури, една автоматска пушка, рамки од автоматска пушка, автомобил , веспа „Априлија“, секира и други предмети кои се употребени во настанот.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.
Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.
По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со нож му го зеле велосипедот на дете во центарот на Скопје
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот.
Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.
Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.
Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.

