Црна хроника
Десетмина го тепале за ташна и мобилен

Малолетник е претепан, во саботата половина час по полноќ во близина на „Маракана“, соопшти полицијата.
Имено, околу 00.30 часот во Градски парк – Скопје во близина на „Маракана“, десет засега непознати маскирани лица со разни предмети почнале да го удираат во пределот на телото Б.С.(1998) од Скопје, при што му одзеле чанта со мобилен телефон и паричник.
Полициската станица Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со „мерцедес“ излетал од патот: тешко повреден охриѓанец

Вчера во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот.
Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Уапсен 75-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдени оружје и муниција

Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во своите дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.