Црна хроника
Убиен калифорнискиот убиец, девојката спасена
Агентите на FBI го убиле калифорнискиот бегалец, осомничен за убиството на долгогодишната пријателка и нејзиниот син, и грабеж на нејзината 16-годишна ќерка, а девојката ја спасиле во зафрлен дел од американската сојузна држава Ајдахо, објавија во неделата локалните власти.
Четириесетгодишниот Џејмс Ли ДиМаџо агентите го застрелале додека се обидувале да го уапсат кај езерото Морехед, изјави за Reuters шерифот на Сан Диего, Вилијам Гор.
Грабнатата девојка Хана Андерсон била со него и полицајците успеале да ја спасат и се наоѓа во добра состојба. Од полицијата не сакале да изнесуваат детали од настанот, па засега не е јасно дали Димаџо пукал врз полицајците.
Повеќе од 150 полицајци пешки и на коњи ја пребаруваа изминатите денови ја пребаруваа дивината на Ајдахо, откако излетници во средата ги информирале дека го забележале Димаџо и грабнатата девојка.
По овој телекомуникациски техничар беше покрената масивна потера во повеќе американски сојузни држави, откако и ги уби 44-годишната Кристина Андерсон и нејзиниот осумгодишен син, а ја грабна ќерката. Полицијата сѐ уште не знае што го мотивирало за злосторството./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

