Црна хроника
Убиен 25-годишен скопјанец
На локалниот пат меѓу населбата Бутел и село Мирковци, убиен е 25-годишен скопјанец, соопшти МВР.
Имено, убиството се случило во неделата во точно неутврдено време во Скопје, на ул.„Александар Урдаревски“, на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и село Мирковци.
За сега непознат сторител со огнено оружје пиштол го убил Џемајледин М.(1987) од Скопје, испукувајќи во него повеќе куршуми, во пределот на главата и горниот дел од телото.
Телото на Џемајледин го забележала Е.С.(1986) од село Брњарци-Скопје, која го пријавила настанот. Увид на лице место е извршен од истражен судија, заменик јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.
По наредба на истражниот судија, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Од лице место подигнати се траги слични на крв, еден куршум, шест чаури од испукани куршуми, три проектили и еден фрагмент од проектил од испукани куршуми.
СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал
Синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје, З.К.(75) од Скопје пријавил дека на 03.05.2024 околу 10.00 часот, на паркинг простор на ул.„Радишанска“ во Скопје, бил удрен од патничко возило „опел корса“, по што возачот го напуштил местото.
Според пријавеното, на 07.05.2024 тој отишол на преглед во Градската општа болница „Св.Наум Oхридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
44-годишна жена од Валандовско смртно прегазена во Струмичко
Вчера во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.
По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.