Црна хроника
Натепал професор зошто ја бутнал ќерка му на испит

Незадоволен поради тоа што ќерката паднала на испит, 55-годишниот А.И. решил физички да се пресмета со нејзиниот професор, соопштуваат од МВР.
Инцидентот се случи во средата на Музичкиот факултет во Скопје, откако А.И., заедно со 27-годишниот А.Р. решиле да го посетат професорот Т.М., и своето незадоволство од тоа што на испит ја бутнал ќерката на А.И., го изразиле преку физички напад, удирајќи го професорот со тупаници во главата, а бил искршен и инвентарот во неговата канцеларија.
Откако професорот почнал гласно да бара помош, двете лица побегнале, а од МВР велат дека преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Гостиварско најдена дрога, приведено е едно лице

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 22:40 часот во гостиварското село Долна Бањица го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Топ
Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот.
На 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола. Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.
Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „Шкода“.
Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото “Шкода”, меѓу кои две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.
Црна хроника
Германски државјанин со украдено „бе-ем-ве“ фатен на границата со Косово

Вчеравечер во 19:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле Е.М.(31) од Германија .
При гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидира во базата на Интерпол како украдено.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.