Црна хроника
Спречен шверц на златен накит и нелегален влез на 12 Сиријци
Царинските службеници од граничниот премин Ново Село кај Струмица, спречија обид за нелегално внесување на 120 грама 24 каратно злато.
Во средата во 19:15 часот на граничниот премин Ново Село за влез во државата се пријавило автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, во кој патувале уште четворица сопатници.
Не им пријавиле ништо на цариниците, но на раката на една од сопатничките цариниците забележале три исти златни алки, а во нејзиниот личен багаж биле пронајдени уште три идентични златни алки како и претходните.
Златниот накит тежи 120 грама и е изработен од 24 каратно злато, а неговата вредност се проценува на 222 илјади денари. Избегнатите царински давачки изнесуваат околу 80 илјади денари .
Накитот е задржан, а против сторителот Царинска управа поведе кривична постапка .
Во четвртокот, пак, околу 20.30 часот на Царинска испостава Железничка станица – Гевгелија царинските службеници во соработка со припадници на полициската служба, при делумен преглед на контејнер натоварен со метална жица во товарен воз од Грција со дестинација Австрија преку Унгарија, откриле дванаесет патници, кои според нивните изјави се државјани на Сирија.
Ова е втор обид за нелегален влез на сириски државјани во последните 24 часа. Претходно 17 сириски државјани беа откриен, исто така, во товарен воз со крајна дестинација Австрија. Целта на имигрантите, според нивните изјави, е да стигнат до некоја од западноевропските земји.
Мигрантите се предадени на македонските погранични полициски служби./крај//мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.