Контакт

Црна хроника

Најдени пари кај двајца вработени во „Македонски пошти“

Објавено пред

При преглед на товарното моторно возило марка „фолксваген-кеди“, сопственост на АД „Македонски Пошти“, кое по издадена судска наредба за приведување на пријавениот И.П е пронајдено во дворот од неговата семејна куќа, полицијата пронашла сеф-каса во кој имало една запечатена платнена вреќа во која се наоѓале 80 илјади денари, односно 80 банкноти во апоени по 1.000 денари.

dobivaj vesti na viber

И.П. постапил несовесно нарушувајќи го безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштенските пратки, средства, објекти и луѓе. Во врска со тоа на лицата А.С. и на А.З. од страна на Истражен судија им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

МВР во саботата соопшти дека по извршениот преглед во возилото, во присуство на на претставници на АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“, по усна наредба на Истражниот судија со потврда за привремено одземени предмети парите се одземени, а возилото е запечатено и со специјално возило на МВР по судска наредба на 21.08.2013 година е предадено во Агенцијата за управување со одземен имот во депото во Идризово.

Инаку, се работи за кривичната пријава од 16.08.2013 година, поднесена против А.С., З.Ј., Г.А., И.А., Б.И., Р.Џ., Н.Б., И.П., В.Б. и В.Т. како службени лица вработени во АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“ во државна сопственост, а во врска со товарното моторно возило марка „Фолксваген-Кеди“, сопственост на АД „Македонски Пошти“, кое возило по издадена судска наредба за приведување на пријавениот И.П е пронајдено во дворот од неговата семејна куќа. По што со судска наредба е одземено и извршен е преглед и негово фотографирање во присуство на претставници од страна на АД „Македонски Пошти“.

По превземени дополнителни мерки и активности за утврдување на дополнителни факти и докази утврдено е дека А.С.(50),А.З.(37) и горенаведениот осмопријавен И.П., на 16.08.2013 година околу 14,00 часот во населбата Карпош извршувајќи размена на вредносна пратка (паричен одвишок) од ЕПМ 1062 Радуша, сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Имено, на 16.08.2013 година А.С. на работно место конторлор-водител во ЕПМ 1062 Радуша, на А.З. на работно место стручен соработник за безбедност во самостојната служба за безбедност во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, му пријавил паричен одвишок. Паричниот одвишок А.С. на 16.08.2013 година морал да го изврши со службата за безбедност на АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, размена согласно поштенските прописи. Иако согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места на вработените во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта , имал обврска да се грижи и да превзема одговорност за вкупното работење во ЕПМ 1062 Радуша, како и работните задачи да ги извршува во согласност со поштенските прописи, А.С. постапил спротивно на член 67 во делот “редослед на размена“ од Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај. А.С. размената на вредносната пратка (паричен одвишок), ја извршил надвор од просторијата на ЕПМ 1062 Радуша и вредносната пратка (паричен одвишок) му ја предал на раководителот на самостојна служба за обезбедување И.П. во н.Карпош со што постапил спротивно на Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај.

А.З. согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места на вработените во АД Македонска пошта-Скопје, постапил спротивно на описот и пописот на работното место-став 11.

Имено, А.З. во телефонски разговор со А. С., се договорил размената на паричниот вишок да ја извршат надвор од просториите на Пошта 1062 Радуша, односно неопределно место во град Скопје, а со И.П. во скопската населба Карпош спротивно на член 67 од правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај. А.З., морал да му укаже на А.С., дека согласно член 22 од Правилникот за физичко и техничко обезбедување во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта размената на паричниот одвишок мора да се изврши со соодветна придружба од МВР, а во согласност со одлуката на Влада. Врз основа на горенаведенот А.З. постапил несовесно нарушувајќи го безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштанските пратки, средствата и луѓето.

Раководителот на самостојна служба за безбедност И.П. согласно неговата надлежност и овластување имал обврска и требал да дава стручна помош и насоки при изработка на планови за безбедносна проценка за заштита на објектите, да ги следи законските и други прописи и да ја спроведува нивната примена за усогласување на плановите од областа за одбрана, заштита и спасувањето на материјалните добра и вработените во друштвото. Истиот извршил размена на вредносна пратка (паричен одвишок) со А.С. надвор од просториите на ЕПМ 1062 Радуша спротивно на член 67 од Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај и согласно член 22 од Правилникот за физичко и техничко обезбедување во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, како и тоа дека размената на паричниот одвишок мора да се изврши со соодветна придружба од МВР во согласност со одлуката на Влада . Разменетата вредносна пратка (паричен одвишок) И.П. морал да ја достави во службата која ги превзема паричните одвишоци сместена во просториите на Подружница Пошта Скопје-2 лоцирана на ул.„Никола Карев“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница

Објавено пред

Од

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Старица паднала од автобус, па била прегазена

Објавено пред

Од

Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Топ

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.

dobivaj vesti na viber

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион55 минути

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет3 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа3 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет4 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија24 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија24 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...