Црна хроника
Уапсен еден од водачите на ‘наркотемпларите' во Мексико
Еден од челниците на наркокартелот Рицари на редот на темпларите . Григорио Абеха е уапсен во Мексико, објави во вторникот портпаролот на кабинетот за безбедност Едуардо Санчез.
Според портпаролот, Григорио Абеха бил уапсен уште пред неколку дена во градот Морелија, главен град на мексиканската сојузна држава Мичоака, а сега се наоѓа во специјалниот затвор во Гвадалахара. По него мексиканските власти распишаа награда од три милиона пезоси или 240 илјади американски долари.
„Од 2011 година уапсениот се смета за еден од главните виновници за насилства извршени во Мичоакан“, истакнал Санчез. Абеха е осомничен за грабнувања и трговија со дроги. При неговото апсење биле запленети оружје, муниција, пари и автомобил.
Последните неколку седмици, во државата Мичокан којашто „рицарите“ ја сметаат за своја територија како и државата Гванахуато, стана боиште во судирите меѓу криминалните банди и федералните безбедносни сили во кои имаше десетици мртви и ранети. Притоа, водачот на картелот Сервандо Мартинес, со прекар Тута, останува уште недостапен за правосудството. Кон средината на август тој објави својата подготвеноста да преговара со властите, но побара „владата одново да се грижи за народот“.
Картелот Рицарите темплари, се појави на почетокот од 2011 година, кога некои групи се одвоија од картелот Фамилијата од Мичоакан. Потоа на улиците во поголемите градови во Мичоакан, каде што е роден поранешниот мексикански претседател Фелипе Калдерон кој им објави војна на нарко картелите во којашто ја ангажира и мексиканската армија, се појавија десетици бели наметки со црвен крст на кои беше објавено формирањето на картелот. Меѓу „рицарите“ и „фамилијата“ се води жестока и брутална борба за контрола на територијата, во којашто подоцна се вклучија и картелите Лоз Зетас, составена од поранешни припадници на специјалните безбедносни сили и Халиско – Нова генерација. Државата Мичокан се смета за една од клучните мексикански сојузни држави преку којашто минуваат главните криумчарски канали за дрогата на богатиот пазар во САД каде што се проценува дека од овој криминал се заработуваат повеќе од 40 милијарди долари годишно.
Картелот Рицари темплари го привлече вниманието на пошироката јавност кога во мај 2013 година во многу градови во оваа мексиканска сојузна држава растури летоци, со предупредување до сопствениците на баровите, рестораните и продавниците за алкохол, дека во посочениот период треба да ги затворат нивните објекти. Во случај на непослушност, оваа злосторничка организација ветува дека ќе го запали секој локал во кој се продавал алкохол.
Стануваше збор за загинувањето на неколку од „војниците“ на наркокартелот во судир со полицијата претходно седмицава. „Наркотемпларите“ ги нарекоа своите припадници „борци загинати за ослободување на народот“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Црна хроника
Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

