Црна хроника
Уште еден уапсен за петкратното убиство кај Смилковци
Уште едно лице е уапсено за петкратното убиство што се случи во април минатата година кај Смилковското езеро.
Според полициски информации, на барање на обвинителството проширена е истрагата за овој случај и уапсен е 28-годишниот Сами Љута кој исто како и останатите уапсени, се товари за тероризам.
Љута бил уапсен на граничниот премин Блаце при обид да излезе од Македонија но засега не се соопштува кога бил уапсен.
Тој веќе бил изведен пред истражен судија кој му одредил 30-дневен притвор. За масакрот кај Смилковското езеро им се суди на четворица обвинети, а уште двајца од обвинетите се наоѓаат во Приштина. Африм Исмаиловиќ и Алил
Демири кои се товарат дека се извршители на убиствата беа уапсени во март и се уште не се екстрадирани од Приштина каде им се суди за нелегално поседување на оружје.
Лани на Велики четврток без причина беа убиени четири момчиња од Радишани и еден рибар од скопското село Црешево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

