Црна хроника
Пресечен меѓународен канал со трговија на хероин
МВР заедно со Царинската управа на Македонија во саботата пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација од Турција преку Грција и Македонија со крајна дестинација западноевропските земји, при што се запленети 2 килограми и 430 грама високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица.
Вредноста на наркотичната дрога хероин доколку би се продал на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала цена од околу 300.000 евра.
При преземени координирани мерки и активности во саботата околу 12,30 часот, на граничниот премин „Богородица“ при влез во Македонија, била извршена контрола на патничко моторно возило „Цитроен Ц4“ сопственост на рента-кар компанија од Скопје, управувано од скопјанката А.С.
При контролата во возилото, односно во багажниот простор под тапацирите во фабричките празнини, беше пронајдена сокриена наркотична дрога хероин (спакуван во пет пакувања од по околу половина килограм), по што истиот е одземен и предаден на одделот за крим-техника заради вештачење.
Според досега документираните сознанија, Д.Ф. го организирал транспортот на хероинот, на тој начин што претходно ја ангажирал А.С. како транспортер и и помогнал околу пронаоѓање на патничко моторно возило од рент-а-кар компанија од Скопје за користење за одреден временски период за што дал и паричен аванс.
МВР до јавното обвинителство во Велес ќе поднесена кривична пријава против Д.Ф. и А.С. за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

