Црна хроника
Најмалку 14 повредени во безредија во затвор во Атина
Најмалку 14 лица во затвор со висока безбедност во грчката престолнина Атина се повредени во судири меѓу затворениците кои ибзиле во неделата доцна навечер , соопшти тамошната полиција.
Судирите во затворот Каридалос во западниот дел на Атина избиле откако претходно во саботата курдски затвореник со нож ранил други затвореник Албанец.
Главен проблем на затворскиот систем во Грција е пренатрупаност, а ситуацијата се влошува со сѐ поголемиот прилив на илегални имигранти од Блискиот исток и од Африка.
Уште минатата 2012 година, управата на атинскиот затвор Каридалос го предупреди министерството за правосудство дека неговиот капацитет е за 800 затвореници, како и дека во неа во тој момент се наоѓаат 2.300./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

