Црна хроника
Приведените во акцијата „Шпион“ пред истражен судија, Дамовски пуштен на слобода
Вкупно 16 од 17 приведени во полициската акција „Шпион“ во вторникот изутрина околу 5 часот биле изведени пред истражен судија, освен авторот на сатиричната серија „Еднооки“ кој уште синоќа беше пуштен од полициска станица.
Осомничени се вкупно 22 лица, по тројца се трага, а двајца веќе се во затвор за други кривични дела.
Се уште не се знае официјално за кои кривични дела им е поднесена кривична пријава на осомничените. Според првичните информации од МВР, се товарат за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама.
Уапсените според првичните информации оддавале класифицирани информации и државни тајни на странски разузнавачки служби и уценувале лица од јавниот живот и бизнис заедницата.
Меѓу уапсените има актуелни и поранешни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, во МВР, во Министерството за одбрана и во Агенцијата за разузнавање.
Неофицијално се потврдуваат имињата објавени на интернет порталите меѓу кои се и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, Маријан Маџовски, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, Александар Динески од УБК.
Меѓу осомничените по кои се трага е и новинарот Зоран Божиновски, кој е сопственик на интернет весникот „Буревесник“, додека веќе во затвор е Марјан Ефремов, братот на обвинителот Ивица Ефремов којшто беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“. Марјан работел во Агенцијата за разузнавање, а беше приведен откако кај него беше пронајдено големо количество на оружје./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.