Црна хроника
Бебе загина на подвижна лента за багаж во Шпанија
Петмесечно дете го загуби животот на подвижна лента за посебен багаж на аеродромот во Аликанте, во југоисточна Шпанија, којашто почнала да се движи поради родителска негрижа, соопшти во четвртокот портпаролката на аеродромските власти.
Мајката, американска државјанка, чекала со детето багаж по летото од Лондон ноќта кон четвртокот, со нив бил и таткото, канадски државјанин, додала портпаролката.
„Детето било положено на подвижната лента. Не знам дали било директно на лената или во количка“, додала. Бебето било одвлечкано до порталот каде што велгуваат и повторно излегуваат предметите, каде останало заплеткано и заробено.
„Станува збор за лента за специјален багаж, како што се колички и поголем и предмети, којшто се вклучила а родителите тоа не о забележале“, според управата на меѓународниот аеродром во Аликанте.
„Се чини дека станува збор за несреќен случај, во моментот на родителско невнимание. Меѓутоа, точните околности за смртта на бебето се истражуваат“, изјавил портпаролот на локалната служба за цивилна заштита.
„Медицинската служба на аеродромот се обидела да го реанимира детето, но не можел ада стори ништо“, додала портпаролката на аеродромот.
Агенцијата Europa Press цитирајќи неименуван извор од „Aena“, аеродромскиот оператор шпекулира дека тежината на детето и неговиот носач го активирале сензорот за ставање во погон на лентата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

