Црна хроника
Обвинителството бара обвинети од „Фаланга 2“ да одговараат и за кражба на артефакти
Обвинителството побара дел од обвинетите во случајот „Фаланга 2 “ да одговараат и за кражба на артефакти.
„Има барање на обвинителството за подигање на обвинителен акт без спроведување истрага за кривично дело тешка кражба од продолжен вид за две места на кои наводно се најдени меч, шлем и некаква плоча со натпис, но такви предмети не се одземени“ изјави адвокатот дел од обвинетите, Звонко Давидовиќ.
Според одбраната на обвинетите, обвинителството го товари првоообвинетиот во случајот, раководителот во одделението за превенција на културното наследството при Управата за заштита на културното наследство, Илче Бојчевски, Али Касум, Зоран Тодоровски и уште едно лице кое не било во „Фаланга“, дека од локалитети во скопско и неготинско украле артефакти, копје, меч, шлем и плоча.
„Некако продолжува цела постапка со подигање нови обвиненија или проширувања со докази кои не постојат. Се тврди дека постојат артефакти, но ни еден до денеска не видовме. Најверојатно ќе се даде согласност за да се подигне обвинителен акт без истрага, а после од обвинителот ќе зависи дали ќе подигне ново обвинение или ќе го додаде кон предметот“ изјави Давидовиќ.
Во петок пред судот одбрана дадоа шестмина обвинети за трговија со артефакти. Сите ги негираа тврдењата во обвинението и велеа дека не се членови на злосторничко здружување и не се стекнале со никаква корист.
Звонимир Николовски, еден од обвинетите кој бил вработен во Управата за заштита на културното наследство од нејзиното формирање во 2005 година во претходната акција „Фаланга 1“ вршел стручна идентификација на археолошките предмети.
Тој учествувал во истражувањата на локалитетите Драмски рид, делчевско и на патот Велешко езеро и Катланово, кадешто се шпекулираше дека археолози барале злато, но рече дека било утврдено дека на тие подрачја земјата била „стерилна“ и немало најдено ништо вредно, а полицијата ги обезбедувала местата повеќе од 24 часа.
Во понеделник почна судскиот процес за „Фаланга 2“ во којшто им се суди на вкупно 15 обвинети меѓу кои и на поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Двајца од обвинетите се во бегство и постапката за нив ќе се води одвоено.
Полицијата го сомничи Кузман дека заедно со уште тројца вработени во Управата во 2011 година незаконски издавале дозволи за ископување на локалитетите Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово и повикувале полициска асистенција да ги обезбедува археолошките локалитети и не плаќале, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1,2 милиони денари.
На следното рочиште, на 8 октомври се очекува исказ во судот да даде Паско Кузман, кој е во куќен притвор./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

