Црна хроника
Адвокатот: Кили оди на клиника на испитувања
Актерот Кирил Поп Христов во вторникот од затворот во Шутка каде што е во притвор бил однесен на клиника за да му земат крв, но потоа веднаш бил вратен во затворот, објаснува неговиот адвокат Владимир Данаилов за Макфакс по шпекулациите во медиумите дека Кили бил однесен на Клиника и дека не се знае дали ќе биде задржан.
Тој објаснува дека затворската управа се огласила на барањата на адвокатот, поради влошеното здравје, Кили да биде однесен на клиника кадешто ќе му биде третиран туморот на грбот.
Во петок, како што изјави Данаилов очекува Кили повторно да биде однесен на клиника каде што треба да му се вршат одредени испитувања.
Во вторникот немаше официјална потврда за тоа дали навистина Кили бил однесен на клиника и дали му се слошило, а за прегледот не бил известен ниту неговиот адвокат и семејството бидејќи затворот немал таква обврска.
Кирил Поп Христов беше приведен откако во викендица во Визбегово полицијата пронашла 80 садници на марихуана и се товари за производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Полицијата трага и по неговиот брат за истото дело. Токму тој, по апсењето на Кили на фејсбук профилот напиша дека неговиот брат е болен и дека марихуаната ја одгледувале за медицински цели./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

