Црна хроника
Тепачка во Струга за време на настанот „Стоп за насилството“
Тепачка меѓу две групи ученици се случила во четвртокот околу 13 часот во дворот на струшкото средно училиште „Нико Нестор“, за време на одржувањето на манифестацијата во рамки на проектот „Стоп на насилството“, јавува Охридњус.
Причина за тепачката помеѓу двете групи деца, сите од албанска националност од Струга и околните струшки села, како што информираат од СВР Охрид, била нетрпеливост помеѓу двајца од учениците.
Полицијата веднаш интервенирала и ги разделила учениците, а на информативен разговор во полициската станица во Струга бил повикан еден ученик, за кој се смета дека е организатор на тепачката.
Од СВР Охрид велат дека познат е идентитетот на сите учесници во тепачката, кои во придружба на нивните родители ќе бидат повикани на информативен разговор во струшката полициска станица./крај/охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

