Црна хроника
Даночен обврзник не успеал да измами контрола на УЈП
Управата за јавни приходи (УЈП) во вторникот соопшти дека при активности на даночните служби во Скопје во понеделникот, бил регистриран случај на обид за спречување на контрола на фискализација во познат маркет, на патот Сингелик-Арачиново.
При контролата, даночниот обврзник се обидел да ја уништи сопствената финансиска документација која била предмет на проверка, а во која даночниците утврдиле прикривање на готовинскиот промет. И покрај ваквата “снаодливост“ на обврзникот, контролата е успешна завршена, стои во соопштението.Од вкупно 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Сингелик и Маџари, затворен е и познат хотел во центарот на Скопје, се додава во соопштението.Финансиските контроли во Охрид потврдија дека стоматолошката дејноста е сеуште ризична од даночен аспект. Со неправилно финансико работење, буџетот го оштетиле 8 субјекти на кои им е изречена глоба и времена мерка забрана за вршење на дејност. Според податоците и она што е утврдено на терен од почетокот на годината, најголем даночен ризик од 27,16% е забележан кај субјекти кои вршат спортски и забавни дејности (фитнес, аеробик и сл. клубови), 13.95% кај козметички и фризерки студија, 11.54% кај фото студија, 9.59% спортски обложувалници и како помалку ризично (под 7 проценти) вршењето на стоматолошка и офтамолошка дејност. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

