Црна хроника
Хоџа: Ако новата албанска власт не ги осуди виновниците, ќе им пресудам самиот
Ардијан Хоџа, син на исчезнатиот македонски бизнисмен Ремзи Хоџа пред 18 години во Тирана, најави одмазда во согласност со стариот албански канун на Лек Дугаѓини.
Тој најави дека ако и новата власт во Албанија не ги осуди виновниците „ќе побара потоа и меѓународна правда, и таму ако не ја најдам ќе се одмаздам онака како што се вели во стариот закон на Лек Дугаѓини“, вели синот на Ремзи Хоџа за албанските медиуми.
„Сали Бериша беше тој што го нареди убиството и сега да видам што ќе преземе новиот состав на Владата и правдата. Еди Рама како премиер треба да преземе мерки за да одговараат убијците на мојот татко“, наведува Ардијан Хоџа.
Во досегашните судски процеси за исчезнувањето на Хоџа се обвинети и осудени агенти на ШИК , но не е утврдено местото каде се моштите на по сè изгледа убиениот Ремзи Хоџа кој, како што беше наведено во судската постапка од страна на албанската тајна служба, наводно бил товарен за соработка со УДБА. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

