Црна хроника
Малолетник извршил серија тешки кражби во Скопје
Скопската полиција во неделата соопшти дека расветлила случај на серија кривични дела – “тешка кражба“ извршени од страна на малолетникот Б.П. (15) од Скопје.
Кривичните дела малолетникот ги извршил во последната недела од минатиот месец поточно од 24 до 30.09. при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 61. 200 денари. Од вкупно извршените пет кривични дела „тешка кражба“ едно кривично дело е извршено „во обид“.Пријавениот малолетник, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, серијата од вкупно пет тешки кражби од кои три на подрачје на општина Ѓорче Петров и по едно на подрачје на општина Карпош и Кисела Вода, ги извршил на идентичен начин, односно движејќи се со велосипед им приоѓал на оштетените позади грб и со грабнување со рака, од врат им ги грабал ланчињата, а во еден случај одзел чанта од рамото на оштетната во која имало мобилен телефон, лични документи и 1.200 денари.Одземените златни ланчиња ги продавал по разни златари, а парите ги трошел за свои лични потреби. Превземени се истражни дејствија, и по извршениот претрес во домот на сторителот, пронајдена е и привремено одземена облека (црн дуксер со капуљача и еден блузон) во која бил облечен при извршување на кривичните дела, а од златара “Уникат“, лоцирана во населбата Порта влае, привремено одземено е едно златно ланче, предмет кој потекнува од извршените кривични дела кои ги извршил малолетникот.Исто така, од страна на оштетените, извршено е препознавање на сторителот, при што истиот со сигурност е препознат како сторител на напреднаведените кривични дела. Пријавениот малолетник Б.П. не минува низ казнената евиденција на МВР. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

