Црна хроника
Запленети близу 28.000 евра на Табановце
Вкупно 27.950 евра биле запленети во изминатите денови на граничниот премин Табановце во два одвоени случаи, соопшти во вторникот Царинската управа.
Во првиот случај во патничко моторно возило пријавено за излез од државата царинските службеници пронајдоа 19.950 евра. Во возилото покрај возачот кој бил македонски државјанин патувало уште едно лице исто така македонски државјанин. При извршената контрола на лицата, кај совозачот во задниот џеб сокриени во најлонска кеса пронајдени се 19.950 евра за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, а привремено се задржани 17.950 евра.Во вториот случај мобилните тимови кај грчки државјанин пронајдоа непријавени девизни средства во висина од 20.000 евра. Согласно законот за девизно работење на лицето како нерезидент вратени му се 10.000 евра а останатите привремено се задржани. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

