Црна хроника
Уапсен голем шверцер на дрога, запленети 587 кгр кокаин во Аргентина
Голем криумчар на дрога од Аргентина е уапсен во петокот во акција во којашто се запленети 586 килограми кокаин во покраината кордоба, во централниот дел од земјата, соопшти министерот за безбедност Серхио Берни.
Дрогата, со голема чистина, ила сокриена во покривот на комбе. Кокаинот чијашто вредност се проценува на три до пет милиони долари на црниот пазар, била наменета за продавање во аргентинската престолнина Буенос Аерос.
Препродавачот за кого аргентинските власти велат дека е еден од најголемите во земјата и во регионот познат под прекарот Петел, веќе бил уапсен во 1990-те, меѓутоа поради неуспехот да се најдат докази и веродостојни сведоци судот го ослободил.
Кокаинот кој се користи во Аргентина или минува низ големата аргентинска територија, се произведува во Боливија, Перу и Колумбија.
Во Аргентина, исто така, во последно време зачестија вооружените пресметки меѓу наркобосовите, особено во покраината Санта Фер и во околината на агроинустриското пристаниште Розарио, каде што осилените банди од автоматско оружје како предупредување пукаа кон домот на гувернерот на покраината./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

