Црна хроника
Велешанецот кој настрада во железничката несреќа лежел на шините
Велешанецот кој утрово беше повреден, откако воз удри во него на влезот на железничката станица во Велес, лежел на пругата, јавува велешкиот портал Лисица.
Сé уште се непзонати причините зошто 46-годишниот велешанец кој живеел во близина на местото на несреќата лежел на пругата, но среќа во несреќата е што машиновозачот на возот којшто сообраќал утрово од Битола кон Скопје забележал дека на шините лежи човек.
Возот минал врз него со намалена брзина. Настанот е пријавен во полиција, направен е увид, а лицето Никола Н, бил пренесен во градската болница. Повредите не го загрозуваат животот на 46-годишниот велешанец велат од болницата
Несреќата ги вознемири велешани, велат честа е сликата луѓе да се движат по пругата.„Слушнав дека се случила несреќа но незнам ништо повеќе. Сега само крвта на пругата е доказ дека тука утринава имало железничка несреќа“, вели еден од жителите.
„Возот свиреше долго, но рано беше, не излеговме да видиме што се случи. Еве сега разбираме дека удрил човек , ама добар бил не бил во животна опасност“, рече друг велешанец.
„Лошо е еве видете има мовчиња ама некој луѓе си направиле патеки и од едната до другата страна минуваат преку пругата, деца гледаат па и тие по топките се симнуваат, да се загради некако да биде побезбедно“, велат анкетираните велешани.
Пред шест месеци на само стотина метри од местото на која се счучи денешната железничката несреќа воз усмрти 28-годишен велешанец. Дека железничките несреќи се честа појава во Велес доказ е и бизарниот случај од пред седум дена кога на гевгелиската пруга настрада 22-годишен кочанчанец.
Момчето се симнало од патот на пругата да изврши нужда, но во тој момент наишол товарниот воз, поради струењето кое го предизвикал возот тој изгубил рамнотежа и удрил во заштитниот ѕид./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

