Црна хроника
Осуммина уапсени за финансиски криминал вреден 3,2 милиони евра
Осум лица од Прилеп, Битола и Струмица се уапсени во голема акција што се спровела во текот на ноќта од понеделникот кон вторникот поради основано сомневање дека злосторнички се здружиле и го оштетиле Буџетот за 3,2 милиони евра, соопшти Финансиската полиција.
Заедно со нив делувал и еден триесет и петгодишен државјанин на Србија, кој бил недостапен за органите на прогонот и по него се трага.
Уапсените, во вторник ќе бидат изедени пред Истражен судија, а по сослушувањето ќе се одлучи дали ќе им биде одреден притвор.
Осумтемина се товарат дека во текот на 2010, 2011, 2012 година биле организирани од пријавениот Р.К. од Битола, сопственик и управител на „Римкос трејд“ ДООЕЛ Битола, со цел да се стекне со противправна имотна корист. Групата имала задача да изготвува фактури со невистинита содржина и да врши нелегални финансиски трансакции.
Целта на групата била да ги прикрие нелегално набавените секундарни суровини – отпад, така што преку правните субјекти „Маргони“, „Шане Тон“, „Виктори Тим“, „Латерна Трејд“, „Фруит Трејд“ и „Џоле 2011“, циркулираат фактури со невистинита содржина со кои е прикриено вистинското потекло на отпадот, а врз основа на кои организаторот на криминалната група прикажал неоснован поврат на ДДВ и ја намалил обврската за ДДВ.
Р.К.за одреден паричен надомест ангажирал и странски државјанин , без престој во Македонија, кој само формално е сопственик на правен субјект, а со кој целосно управува Р.К.
Криминалната група на крајот на годината, со остварена цел, ги продавале претпријатијата со фиктивни фактури на лица со дебело криминално досие и низок социјален статус, за да избегнат задолжителни ДДВ пријави за работењето, со што мислеле дека ќе ја избегнат кривичната одговорност.
Членови на криминалната група на Р.К. од Битола се: Т.Ш. (35) и Е.Ш (38) од Битола, сопственици и управители на „Шане Тон“ ДОО Битола и на „Фруит трејд“ ДООЕЛ Битола, потоа Г.Г. (35) од село Моноспитово, струмичко, сопственик и управител на „Маргони“ ДООЕЛ Моноспитово и „Латерна “ ДООЕЛ Моноспитово.
Потоа, Д.Р. (55) од Прилеп, сопственик и управител на „Шане тон“ Битола и „Маргони“ Моноспитово, Ѓ.Ј. (35) од село Градошарци, струмичко, сопственик и управител на „Џоле 2011“ ДООЕЛ Битола, Д.Т. (35) од Вичин, Србија, сопственик и управител на „Виктори Тим “ ДООЕЛ Кичево.
Г.П (35) од Прилеп, сопственик и управител на „Латерна трејд“ ДООЕЛ, село Моноспитово и Н.Т. (30) од Битола управител на „Римкос трејд“ ДООЕЛ Битола.
Членовите на злосторничкото здружение во текот на 2010, 2011 и 2012 година со изготвување на фактури со невистинита содржина не пријавиле и не уплатиле ДДВ во износ од 172.394.192 денари и персонален данок на доход од 29.238.790 денари со што го оштетиле Буџетот на Македонија за вкупен износ од 201.632.982 денари или околу 3,2 милиони евра./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

