Црна хроника
Уште една жртва во сообраќајка, загина кумановец
Трисет идевет годинишник од Куманово е уште една жртва во несреќите на мекдонските патишта, откако движејќи се со своето патничко возило марка „венто“ со кумановски регистарски таблички по автопатот кон Скопје, најверојатно според првичните сознанија, поради неприлагодена брзина излетал од патот, притоа пробивајќи ја банкината покрај патот.
Тешката сообраќајна несреќа се одиграла во петокот по 16 часот на автопатот Куманово – Скопје кај Агино село во која загила кумановецот идентификуван како М.С., додека неговата 38-годишна сопруга Л.С е тешко повредена и се наоѓа во животна опасност.
Возилото се превртело неколкупати и излетало на спротивната коловозна лента и се судрил со возило марка „пикап“ кој се движел кон Куманово.
Од силината на ударот возачот загинал на самото место додека пак неговата сопруга се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била префрлена во Ургентниот центар во Скопје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.