Црна хроника
Тројца загинати во сообраќајка кај Елешец, крај Охрид
Три лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќта кон саботата, десетина минути по полноќ на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на селото Елeшeц. Поради несреќата извесен период овој патен правец беше во прекин.
Во судир на џип „исузу“ и патничко возило „рено канго“, на лице место загинале охриѓаните – 21-годишниот Х.Ј., кој бил сопатник во џипот, и брачната двојка 39-годишниот К.Д. и неговата 28-годишна сопруга Т.Д.. Во несреќата со тешки повреди се здобил 21-годишниот П.Ш. , додека 23-годишниот Д.С. е полесно повреде, а и двајцата биле патници во џип.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски Димоски соопшти дека извршен е полициски увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител, а се работи на откривање на причините за страшната сообраќајна несреќа./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.